Frosina Remenski
🇲🇰 ЧЕСТИТ 7 МАЈ - ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА 👮♂️👮♀️🕵️♂️
На сите полицајци при МВР, сите пензионирани, поранешни полицајци и сите они кои учат да станат полицајци им го честитам 7 Мај - Денот на полицијата !
Вечен да е, во мир, слога и просперитет !
Слава на сите кои го дадоа животот за мирот, слободата и државата !
„Мојата основна должност како полицаец е да служам на Република Македонија, да ги почитувам Уставот и законите, да ги бранам животите и имотот на граѓаните, да ги заштитувам невините од измами, слабите од заплашување и притисок, а мирољубивите од насилство и безредија, како и да го почитувам заедничкото право за слобода, еднаквост и законитост.
Без компромиси против злоделата, прогонувајќи го криминалот, законот ќе го спроведувам на човечен и соодветен начин, без страв, протекција или лоша намера, никогаш не користејќи сила или насилство, недопуштајќи да бидам поткупен.
Свесен сум дека само јас сум одговорен за стандардите на моето професионално работење и затоа ќе ја искористам секоја разумна прилика за да го збогатам и подигнам рамништето на моето знаење и стручност.
Никогаш нема да постапувам наметливо или да дозволам на моите лични чувства, предарасуди, политички убедувања и стремежи, на омразата или пријателството да влијаат на донесувањето на моите одлуки.
Мојата службена легитимација ја сфаќам како симбол на довербата која ми ја укажува јавноста и која ќе трае се додека се придржувам на етичките начела на полицискиот позив. Нема да учествувам во мито и корупција, ниту ќе го толерирам таквото однесување кај другите полицајци.
Личниот живот ќе го водам чесно, и ќе се однесувам на начин кој нема да ме дискредитира ниту мене, ниту мојата служба. Соочен со опасности, омаловажувања или потсмев, ќе ги задржам одважноста, спокојството, ќе го развивам чувството на самоконтрола и секогаш ќе ја имам предвид грижата за другите. Честит во мислите и на дело, како во приватниот, така и во службениот живот, на примерен начин ќе го почитувам законот и прописите на мојата служба.
Непрекинато ќе тежнеам, да ги постигнеме овие цели и идеали, посветувајќи се на мојата одбрана професија – полицаец“.
(Свечена заклетва на полициските службеници од ЦОКОБ –Скопје)
